Дизајнирај го теренот од твоите соништа!

Можеш ли да замислиш борбата за најдобриот 3x3 тим во Македонија да се игра на теренот од твоите соништа?

Дизајнирај терен што ќе ја инспирира целата 3x3 заедница!

Најдобриот дизајн ќе биде нацртан на теренот на кој ќе се игра овогодишниот Red Bull Half Court турнир во Македонија.

КАКО ДА УЧЕСТВУВАШ?

  1. Дизајнирај го својот терен користејќи ги веќе понудените елементи, дезени, стикери и бои.
  2. Пријави го својот дизајн.
  3. Доколку сакаш, дополнително можеш да испратиш и твој нацртан концепт за теренот, кој го прикачуваш како документ при пријава на основниот дизајн. (Испраќањето дополнителни концепти и рачно изработени дизајни нема предност при изборот. Победува најкреативниот дизајн.)
Со различен креативни перспективи, но со иста пасија за уличната култура и уметност, Сатја Грабулоски и Тони Зенќе бидат оние што на крај ќе одлучат кој дизајн заслужува да се нацрта на новиот терен и да биде главна ѕвезда на овогодишниот Red Bull Half Court.

Освен тоа што победничкиот дизајн ќе биде нацртан на новиот терен изработен од Општина Аеродром, победникот ќе добие и Red Bull Mini Refuel фрижидер!

Конкурсот е отворен и трае до 25 мај 2026 година!
Искористи ја својата имагинација и креативност и остави свој печат на теренот.

Partners