Red Bull Педалинка
Подготви се за уникатна трка со педалинки!
Тимски дух, лето, Охридско езеро, педалинки, забава - на 16 август ти најавуваме настан кој ги спојува спортот и забавата во една уникатна трка со педалинки во срцето на Охрид.
Red Bull Педалинка е спортски натпревар во кој тимови од четворица се натпреваруваат во возење на педалинки. Како? Трката се одвива такашто два учесници од еден тим вртат на педалите од педалинката, а останатите двајца учесници од тимот позади на колена веслаат со весло. Тимски до победа, нели?
Секој тим има за цел што побрзо да стигне до целта, а самата трка е распоредена во 3 фази додека да се стигне до победничкиот тим. Победникот на Red Bull Педалинка е тимот кој ќе победи на последната трка од натпреварувањето.
Red Bull Педалинка, во склоп на Ohrid Water Festival, ги повикува сите ентузијасти на водните спортови да се приклучат на оваа уникатна трка и тимски да одат до победа.
Датум: 16.08.2025
Време: 17:00 ч.
Место: Охрид, Кеј Македонија, старо пристаниште
Кој тим ќе доминира на Охридското езеро?
Следи нѐ на @redbullmakedonija за сите новости.