Danny MacAskill Way Back Home
© Red Bull Content Pool
Bike

ФИЛМСКА ПРЕПОРАКА | 9 инспиративни филмови за бајкери

Имаш недостаток од инспирација за твојата следна МТБ тура? Уживај, опушти се ти спремивме список на филмови со кои виртуелно ќе тргнеш на "пат околу светот".
Напишано од Red Bull
се чита за 4 минАжурирано на
Но, тоа не е се. Откако ќе го прочиташ овој текст со филмски препораки, следно што треба да направиш е да си отвориш лименка Ред Бул, да го погалиш и да му посакаш мирно, брзо и стабилно возење на твојот омилен МТБ велосипед и така добро спремен и наоружан со позитивна енергија и 1кг адреналин правец накај новата МТБ патека на Водно.
Ако уште не си тргнат накај Водно, еве неколку филмови кои дефинитивно ќе те инспирираат да го направиш тоа ASAP.

1. North of Nightfall

1 ч 3 мин

North of Nightfall

A group of mountain bikers set out to the most remote region on Earth to pioneer the largest mountain lines.

Легендата вели дека секој сериозен МТБ фрирајд возач е во потрага по нови, недопрени и диви терени. Арктик? Може!
North of Nightfall е филм кој ги следи лудите и незаборавни МТБ тури на Daren Bereklot, Karson Storc, Kem Cink и Tom Van Stenbergen во недопрените и екстремно диви предели на канадскиот дел од Арктикот, се со една цел - безгрижно, ризично и далеку од цивилизација возење кое слободно може да трае и 24 часа.
Дефинитивно must-watch филм!

2. Riding the Tatshenshini

43 мин

Riding the Tatshenshini

Rafting 260km with bikes in tow, Darren Berrecloth and fellow MTB riders explore Canada's Tatshenshi River.

Ако си од оние фрирајд возачи кои се "adrenaline junkies" и уживаат во високо количество на адреналин и ништо повеќе (значи пејзажи, убава природа и слики за IG, фала ама не мора), тогаш ова е вистинскиот филм за тебе!
Главен протагонист во Riding the Tatshenshini е еден од главните јунаци од првата филмска препорака, Daren Bereklot кој заедно со неговите другари се впуштаат во екстремна МТБ тура низ огромни планински масиви и прекрасни терени, исполнета со чиста акција и неверојатни возачки способности.
Дефинитивно ќе уживаш во овој филм и притоа нема да имаш потреба да спиеш во шатор. Топ препорака!

3. Kilimanjaro: Mountain of Greatness

31 мин

Kilimanjaro: Mountain of Greatness

Facing altitude challenges and health risks, a bike team set out to conquer Tanzania's Mount Kilimanjaro.

Килиманџаро и МТБ? Wow која комбинација, ама некако звучи нереална или…
Реална е и те како, ако не веруваш погледни ја оваа епска МТБ авантура на легендите на овој спорт Danny MacAskill, Hans Rey и Gerhard Czerner кои ќе се обидат да возат на Килиманџаро на 5.855 метри надморска висина, со поприлично ниско количество на кислород. Мислиш дека ќе успеат во својата мисија?

4. EMIL Every Mystery I've Lived: The Next Chapter

18 мин

EMIL – Every Mystery I've Lived: The Next Chapter

We tap into the mindset of MTB slopestyle champion Emil Johansson as he attempts to regain his title in 2020.

Замисли си ја следнава ситуација: Во еден момент си недопирлив бајкер, редовно си дел од победничкиот подиум, носител на FMB титулата за светски првак во возење… и следно нешто што ти се случува - се соочуваш со автоимуна болест поради која можеби никогаш повеќе нема да можеш да возиш МТБ.
Во 2018 година во оваа ситуација се најде шампионот Emil Johanson, а филмот The Next Chapter детално го објаснува макотрпниот пат и неверојатната борба на Emil за повторно освојување на врвот. Филм кој ќе те натера да бидеш благодарен за се што си постигнал во животот.

5. Motive

30 мин

Motive

Enjoy the effortless style and progressive riding of six MTB pros combined with cutting edge film-making.

Прашањето на филмот е - Што те мотивира да возиш МТБ?
Dilan Dankerton и неговата екипа во ова филмско остварување даваат одговор на горното прашање кој гравитира таму некаде помеѓу адреналин, брзина, акција, ризик, природа, пејзажи и авантура.

6. Way Back Home

8 мин

Danny MacAskill's Way Back Home

Danny MacAskill travels from Edinburgh to the Isle of Skye to try new tricks on the Way Back Home.

Way Back Home е филм кој ја прати МТБ турата на Danny MacAskill од Единбург до неговата родна куќа во Дунвеган.
За тоа како помина Danny на оваа авантура, што се случи во замокот и какви убавини крие Шкотска, дознај во овој филм.

7. Tea and Biscuits

Ако некогаш се прашуваш што се ти е потребно за сериозно-квалитетна МТБ тура низ шума и како тоа би изгледало, тогаш најдобро е да ја погледнеш авантурата на едни од најдобрите британски возачи како Kade Edwards, Adam Brayton, Olly Wilkins, Bernard Kerr и други, а имаме и мала задача за тебе - да изброиш колку пати додека го гледаш филмот ќе кажеш "сакам ова да го пробам!".

8. Return to Earth

Прекрасни пејзажи, неверојатни локации и брутално добро возење од страна на Brett Rheeder, Casey Brown и Emil Johanson.Пре-до-бро!

9. Vision

Vision е филм за искрената визија и нејзиното остварување на Veronika Sendler, во комбинација на одличен фрирајд, огромни скокови, спустови и искрени дружби со пријателите-возачи.
Пораката на Veronika е дека упорноста, посветеноста како и соништата и нивното остварување се клучот за среќа и успех во животот.
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ОД СВЕТОТ НА RED BULL: