Вејкбордер се лизга по ледена шина за време на снимањето на Frozen Lake Wake во Шведска.
© Lorenz Holder/Red Bull Content Pool
Wakeboarding

Frozen Lake Wake - ледена езерска авантура на Felix Georgii & пријателите!

Екстремно ниски температури, неколку метарски ледени блокови и 100% заледени одела за вејкање: Felix Georgii, Dominik Gührs и Dom Hernler отидоа на сериозен вејк тест во Шведска и успешно го положија!
Напишано од Red Bull
се чита за 4 минPublished on
Frozen Lake Wake е најновиот проект на Felix Georgii, еден од најистакнатите вејкбордери во светот кој за целите на овој проект повторно гипомери границите на возможното со својата креативност, знаење и вештини.
"Сакав да го "телепортирам" вејкањето во тотално нови и различни природни услови, како на пример вејкање на замрзнати површини", објаснува 29 годишниот вејкбордер од Allgäu, Германија.
Продолжи со читање да дознаеш подетално како Felix успеа да го реализира овој проект!
Вејкбордерот Felix Georgii во акција за време на снимањето на Frozen Lake Wake во Шведска.

Felix Georgii го "чисти" иглото со стил

© Lorenz Holder/Red Bull Content Pool

Заедно со неговите пријатели Dominik Gührs и Dominik Hernler + целиот филмски екипаж, Georgii ги тестираше човечките способности на замрзнатото езеро во Jokkmokk, мало место во областа Lapland, Шведска, 1000 км северно од Стокхолм.
На оваа локација, Felix покажа и докажа дека е возможно да се вејка на мраз, дури и во услови кога температурите се длабоко под нулата.
Вејкбордерот Felix Georgii за време на снимањето Frozen Lake Wake во Шведска.

Felix Georgii позира пред ледена шина

© Lorenz Holder/Red Bull Content Pool

Quotation
Со мраз можеш да изградиш разно-разни препреку, од шини до игло
Крајниот резултат од неколкумесечната напорна работа и безбројните подготовки и тестирања се три никогаш-до-сега извозени вејкборд линии, надополнети со нови елементи направени од мраз.
"За целите на овој проект, екипата изработи неколку различни елементи направени со помош на моторни пили и друга опрема за сечење на коцки од огромни ледени блокови, што воопшто не беше лесна задача", објаснува Gührs.
Вејкбордерите Felix Georgii, Dominik Gührs и Dominik Hernler на снимањето на Frozen Lake Wake во Шведска.

Georgii, Gührs и Hernler во инспекција!

© Lorenz Holder/Red Bull Content Pool

На -30°C, дури и маслото потребно за работа на моторните пили замрзнува при сечење на тие огромни и тешки ледени блокови. Ножевите и ланците на пилите истотака биле жртва на екстремно ниските температури и заледената површина. После финиширањето на целото ледено игралиште, на ред беше - демонстрација на возачките вејк вештини.
Вејкбордерот Dominik Gührs ги покажува своите замрзнати кондури за време на снимањето на Frozen Lake Wake во Шведска.

Замрзнатите кондури на Dominik Gührs

© Lorenz Holder/Red Bull Content Pool

Quotation
Кондурите ми беа замрзнати и стапалата ги чувствував како да ги имав ставено во бетонски калапи
"Кога се подготвуваме за пат накај Jokkmokk, ги спакувавме најтоплите и најдебелите неопренски одела што беа слободни", констатира Georgii, креативниот ум на Frozen Lake Wake.
"Навистина имав проблем со ладното време", вели Hernler. "За среќа, кога вејкаш твоето тело лачи толку многу адреналин што за многу кратко време се загреваш и не го чувствуваш студот".

1 мин

Frozen Lake Wake: вејкборд авантура во Шведска

Frozen Lake Wake: вејкборд авантура во ледената Шведска

На крај на денот, неизбежно e мрзнење на оделата и целосната опрема за вејкање додека возачите пробуваaт да ги поминат препреките и малите базенчиња опколени со мраз.
"Да имаш успешна вејк сесија во овие ледени услови е навистина тежок и технички комплициран предизвик", вели Gührs. "Ако случајно паднеш во вода, твоето одело и везови за многу кратко време замрзнуваат и физички многу тешко можеш да ги помрднеш."
Но, и препреките беа успешно надминати од овие тројца ултра талентирани вејкбордери.
Вејбордерот Dominik Guhrs лизга по шина направена од мраз за време на снимањето на Frozen Lake Wake во Шведска.

Леденооо! Dominik Gührs шреда по шина направена од мраз

© Lorenz Holder/Red Bull Content Pool

Quotation
Да возиш толку креативни линии во екстремно заледени услови е еден од најдобрите моменти во мојата досегашна кариера
Со умртвени стапала, заледена коса и изгореници од мраз, Georgii вели: "Со овој проект креиравме вејк линии и препреки кои никогаш претходно не постоеле. Трудот, болката и потта вредеа за сите пари."
"За време на подготвителниот период пред снимањето на Frozen Lake Wake, постојано се прашував дали проектов е реален и дали е возможно да се вејка во овие услови", објаснува Felix. "Но, на крај идејата победи против разумот."
Dominik Hernler шреда по ледена шина

Dominik Hernler шреда по ледена шина

© Lorenz Holder/Red Bull Content Pool

01

Бројките позади овој леден проект:

  • - 32 степени беше најниската измерена температура за време на градењето на вејк паркот, пред да се почне со снимање.
  • 80 цм беше најдебелиот слој на мраз на замрзнатото езеро.
  • 6 мм беше дебелината на најтоплото неопренско вејк одело.
  • беше дијаметарот на иглото, кое патем тежеше неколку тона.
  • 11 дена им беше потребно на тимот да го креира овој леден парк со препреки.
  • 5 моторни пили беа скршени за време на конструирањето на паркот.
  • 1 степен беше температурата на езерската вода.
  • 518 тони мраз беа поместени за реализација на Frozen Lake Wake.