Grabo Dunks на Red Bull Half Court во Скопје, Македонија
© Alek Cheski
Basketball

Кој е шампионот во забивање што настапи на Red Bull Half Court во Скопје?

Повеќето доаѓаат на терен да играат кошарка, други за да навиваат. Piotr 'Grabo' Grabowski доаѓа и прави спектакл.
Напишано од Red Bull
се чита за 6 минPublished on
Четирикратниот шампион во забивање, човекот со речиси 70 освоени титули, Гинисов рекордер и еден од најпознатите спортисти во забивање во светот, пред три недели за првпат пристигна во Македонија и направи неверојатно шоу на четвртото издание на Red Bull Half Court во Скопје.
Grabo Dunks забива над Vanja Live

Grabo Dunks забива над Vanja Live

© Alek Cheski

Во текот на својата кариера, Grabo Dunks има забивано на неверојатни локации ширум светот, над автомобили, над професионални спортисти, NBA легенди и секако... настапувал пред илјадници фанови. Но, на новиот терен во парк „Авионче“, сега додаде уште едно фантастично достигнување во своето резиме, бидејќи голем број од посетителите на Red Bull Half Court во Скопје сега можат да кажат: "Над мене забиваше четирикратен светски slam dunk шампион!"

Оригиналниот Red Bull

Red Bull Energy Drink

Red Bull Energy Drink - image
Неговиот настап беше еден од највпечатливите моменти на викендот исполнет со неверојатни натпревари, добра музика и одличен вајб, а ние ја искористивме можноста да седнеме со него и да дознаеме повеќе за неговиот пат од мало полско село до врвот на светската сцена и секако - за неговите впечатоци од првата посета на Македонија.

Кога првпат почувствува дека ова не е само хоби за тебе, туку дека е нешто што може целосно да ти го промени животот?

Piotr 'Grabo' Grabowski: Некако ми дојде природно, тешко е да издвојам еден одреден момент, но навистина сум благодарен за сè досега. Ако морам да издвојам, би рекол дека освојувањето на првиот FIBA 3x3 натпревар во Прага беше многу значаен момент за мене.

Често ја спомнуваш 2015-та како пресвртница во твојата кариера. Што ти пројде низ глава кога првпат успешно заби на регуларен кош?

Piotr 'Grabo' Grabowski: Тоа беше еден од првите (и клучни!) моменти кога станав 100% сигурен дека сакам целосно да се посветам на забивањето и да станам професионален спортист во забивање. Беше прекрасно да го гледам сопствениот напредок и да го направам првото успешно забивање на кош од 3,05 метри додека сè уште бев дете.

Имаш освоено речиси 70 натпревари во забивање и неколку светски FIBA 3x3 титули. Што ти значи најмногу?

Piotr 'Grabo' Grabowski: За мене најголема е честа е кога ја претставувам својата држава, кога носам дрес со полското знаме. Секогаш го давам максимумот, бидејќи не настапувам само за себе, туку како спортист што ја претставува Полска. Тоа се тие моменти што навистина ги ценам и за кои сум секогаш благодарен.

Си забивал над NBA играчи, над Lewandowski, на луди локации, имаш поставено неколку Гинисови рекорди... Постои ли некој предизвик што сакаш да го оствариш во иднина? Има ли некој спортист што би ти помогнал да го оствариш тоа?

Piotr 'Grabo' Grabowski: Секако дека да - но, ќе мора да ме следите за да дознаете што ве очекува, хаха! Имам мнооогу идеи, но не сакам да зборувам пред да се реализираат. Којзнае, можеби еден ден ќе направиме нешто навистина лудо и во Македонија 👀

Во врска со спортистот, не размислувам многу често на тоа, но би било неверојатно да направам забивање со асистенција од Max Verstappen, може слободно да се каже дека тоа е еден мој (мал) сон :)

Ова беше твоја прва посета на Македонија и прв настап на Red Bull Half Court кај нас. Какви беа првите впечатоци кога пристигна на новиот терен во парк „Авионче“?

Piotr 'Grabo' Grabowski: Да, првпат бев тука и искрено ми се допадна сè! Сè беше одлично, а особено фановите. Имавме фантастичен терен, сончево време и одлична храна. Ја посетив и претходната локација за Red Bull Half Court. Многу ми се допадна и таа, но новиот терен некако навистина ме импресионираше!

Настапуваше на новиот терен, опкружен со илјадници луѓе. Како се подготвуваш физички и ментално за ваков тип настап?

Piotr 'Grabo' Grabowski: За мене - колку повеќе публика, толку подобро. Обожавам да настапувам пред фанови, па затоа секогаш сум максимално фокусиран на подготовките и тренинзите, за да можам да дадам 100% од себе кога ќе излезам на терен. Сакам луѓето да гледаат добри забивања и навистина да уживаат.

Публиката во Скопје скоро да беше и со тебе на теренот за време на настапот! Дали ја чувствуваше нивната енергија и што е тоа што ја издвојува од сите останати?

Piotr 'Grabo' Grabowski: Како што кажав, фановите за мене се многу важни. И настапот и забивањата се многу подобри кога имаш публика околу себе. Ја гледав и ја слушав поддршката цело време. За жал, мислам дека не успеав да забијам над сите што беа заинтересирани, па изгледа ќе морам да се вратам! По настапот многу луѓе дојдоа да ми кажат колку им се допаднало искуството и тоа навистина многу ми значи. Затоа уште еднаш: благодарам, Скопје!

Quotation
Мислам дека не успеав да забијам над сите што беа заинтересирани, па изгледа ќе морам да се вратам!

Grabo, фала ти за прекрасниот разговор! Ни беше чест што бевме сведоци на вакво неверојатно шоу и те чекаме повторно да се вратиш! За крај, што би им порачал на младите кошаркари и сите што те гледаа во Скопје?

Piotr 'Grabo' Grabowski: Фала ви! Навистина би сакал повторно да се вратам, следен пат на подолг период. Кога имаш сон, целосно фокусирај се на истиот и работи напорно. Не ги слушај луѓето што се сомневаат во тебе и не барај изговори. Запиши ги своите цели, направи план како да ги оствариш и работи секој ден да ги оствариш. Ништо не е лесно, но вреди. Јас сум дете од мало село во Полска. Никој во моето семејство не е спортист, а види до каде стигнав јас. Ако јас успеав, зошто да не успееш и ти? Без разлика дали сакаш да бидеш кошаркар, уметник или нешто сосема трето, не се предавај.

По своето деби во Македонија, Grabo продолжува кон нови предизвици, нови натпревари и нови невозможни рекорди. А, дали повторно ќе го видиме на некој настан во Македонија? Следи нè за да бидеш меѓу првите што ќе дознаат 👀
Следната станица за најдобрите 3x3 екипи од целиот свет е светското Red Bull Half Court финале во Манила, Филипини, каде што ќе се соберат националните шампиони од 14 држави од целиот свет, меѓу кои и нашиот национален победник тимот Sinatra.

Part of this story

Red Bull Half Court

Кој тим ќе ја освои македонската круна и ќе ја претставува Македонија на светското финале на Филипини во декември? Следи нѐ на @redbullmakedonija за сите новости.

North MacedoniaSkopje, North Macedonia
Разгледај инфо за настанот