Art
[ИНТЕРВЈУ] Томи, национален победник на Red Bull Doodle Art 2017!
Драг цртачу и страствен љубител на шкрабањето, ако сакаш да дознаеш како се живее како национален Red Bull Doodle Art победник, тогаш продолжи со читање!
Кажи му здраво на Томислав Леле Акимовски, дипломиран уметник роден во Битола кој моментално живее турбулентен и возбудливо хаотичен живот во Њујорк.
Fun facts: Томи е лик кој се тушира секој ден, некогаш и два пати во денот, има трчано еднаш, пливано двапати и се јавува во улогата на режисер на многубројни спотови на познатите хитови на дел од македонската естрада!
Океј ништо ново на Западот! Да, но се работи за национален Red Bull Doodle Art шампион кој во 2017 година имаше шанса да биде нашиот претставник на Светското Финале во Сан Франциско, Америка.
Сега откако знаеш кој е и што е Томи, слободно почни со читање на неговата епската doodle авантура која е есктремно возбудлива и вклучува менување на повеќе транспортни возила, "потплатување" на неколку возачи на автобуси, уживање статус на рок ѕвезда и 100% ВИП третман! Не се мисли, почни со читање!
Здраво Томи, како животот во САД? Што е тоа што ти даде крииилја за да одлеташ?
Т: Здраво, здраво! Животот во Њујорк би можел да го опишам како: турбулентен и возбудливо хаотичен со неверојатно брзо темпо на живеење. Дефинитивно нешто што одговара на мојот карактер и животен стил кој преферирам да го практикувам.
Инаку за изборот на континентот/држава, најголемо влијание имаше моето work & travel искуство кое го имав во 2016 година, една година пред Red Bull Doodle Art светското финале во Сан Франциско. Како што би кажале моите сегашни сограѓани, ова патување за мене беше "life changing moment"!
Кога сме кај твоjaта Red Bull историја, можеш ли да ни раскажеш како изгледаше твоето Red Bull Doodle Art искуство?
Т: Моето Doodle Art искуство беше не-ве-ро-јатно. Сумирано тоа би изгледало некако вака: Прво, не знаев дека постои нешто како што е Red Bull Doodle Art, а и да знаев немаше да знам што е. Така што, аналогно немав никаква желба да се пријавам на натпреварот, а и да се пријавев скоро-па-сигурен бев дека нема да победам.
Сан Франциско беше скоро-па-целиот "завиткан" во Doodle Art вајб (билборди со промоција на нови Red Bull вкусови, промоција на Doodle Art и друго) и бевме првите луѓе што се натпреваруваат во цртање во виртуелна реалност. Нереално искуство од почеток до крај!
Второ, после долги убедувања, "притисоци" и разговори сам со себе некако се убедив себеси дека треба да се пријавам, што на крај излезе дека е една од моите најдобри животни одлуки.
Се пријавив, станав национален шампион после тесна и максимално креативна борба и следно на агендата беше - учество на Светското Финале во Сан Франциско.
Целата моја глобална doodle авантура започна во Загреб… иако летав од Белград. Океј, звучи малку конфузно, ама чекај, сега ќе објаснам подетално!
Значи, мојот лет за Сан Франциско беше од Белград, а јас во тој период бев на фестивал во Загреб… мислам… хаос човече! Но, после менување на неколку диви таксисти, почастени X број на кафиња на возачи на автобуси, успеав да стигнам на аеродромот во Белград еден час пред поаѓање. Тука инстантно се запознавам со претставничката на Србија со која веднаш кликнавме и ден денес одржуваме комуникација.
Откако слетавме на аеродромот во Сан Франциско, тука за првпат во мојот живот бев пречекан со знак со моето име и презиме + доживеав уникатно искуство да се возам во Тесла од аеродром до хотел (*сите учесници го имаа истиот третман). Во превод, 100% ВИП третман, 100% филмски!
За време на престојот во Сан Франциско, бевме сместени во хотелот The Palace, тренинзите и настаните се одржуваа во Институтот за уметност во Сан Франциско, бевме на тура низ градот, кој беше скоро-па-целиот "завиткан" во Doodle Art вајб (билборди со промоција на нови Red Bull вкусови, промоција на Doodle Art и друго) и бевме првите луѓе што се натпреваруваат во цртање во виртуелна реалност. Нереално искуство од почеток до крај!
Зошто баш Red Bull Doodle Art? Дали си имал претходно некое слично искуство? Што е тоа што те "купи" за да се пријавиш?
Т: Зошто баш Red Bull Doodle Art? Затоа што, откако бев во Сан Франциско, сфатив дека се работи за максимално професионален, високо енергичен и екстремно возбудлив doodle настан, креиран од луѓе со истите карактеристики и визија за иднината.
Најубавата работа беше дружбата со луѓето таму!
Како што напоменав погоре, ова ми беше прво и сега за сега единствено официјално doodle искуство, но се надевам дека ова мое интервју ќе им помогне т.е. ќе ги "купи" новите потенцијални цртачи на шкрабаници да се пријават и да си дозволат незаборавно животно искуство.
Најинтересни, највпечатливи, најчудни и најнеочекувани работи што ги доживеа, искуси и преживеа за време на Red Bull Doodle Art настаните?
Т: Ахх… требаше да сте таму (хаха). На прво место морам да го ставам "smart" тоалетот во собата од хотелот, кој дефинитивно остави белег во мојот живот, колку и да звучи тоа лудо :)
Понатаму, тука е посетата на Golden Gate, вечерата кај што секој од учесницитe презентираше дел од својата култура, неограничени резерви на уметнички додатоци (од хартија и 3Д пенкала до користење на принтери, маркери, моливи…), интервјуа со луѓе од Juxtapoz Magazine, Snapchat, Facebook, Google… но, искрено најубавата работа беше дружбата со луѓето таму!
Замисли си сценарио ти си во Калифорнија, во друштво на неверојанто талентирани и успешни уметници од целиот свет кои лабаво ти даваат совети, мислења и ставови + луѓето од Red Bull кои за мене се едни од најпрекрасните луѓе на планетата Земја. Капа доле дечки!
Како за крај, имаш неограничен број на лименки, кои беа достапни буквално насекаде околу тебе и тоа со вкусови кои тогаш беа недостапни во Македонија. Привилегии на секој чекор!
Слушнавме дека Red Bull Doodle Art искуството целосно ти ја има променето перспективата на тоа како гледаш на работите во животот! Што, како и зошто?
T: Оваа тема беше, некако, природно начната уште кога бевме таму! Некаде на интернет просторот постои една интересна статистика која вели дека после завршувањето на Red Bull Doodle Art 2017, голем дел од учесниците решија да ја сменат професијата и да се фокусираат на уметноста во било која форма.
Мене лично не ми влијаеше на промена на перспективата, затоа што веќе знаев и бев академски насочен накај уметноста и графичкиот дизајн, но за многу други работи имаше огрооомно влијание.
3 најважни лекции што ги научи од настапот на Red Bull Doodle Art? Да можеш да го вратиш времето, дали нешто би променил и ако да што?
Лекција бр. 1 - Не му ја мисли, пријави се на сè што те интересира и не те интересира!
Лекција бр. 2 - Во светов сè уште постојат добри, фини и прекрасни луѓе кои се спремни да ти помогнат, посочат и правилно да те советуваат и
Лекција бр. 3 - Паметните тоалети ќе го променат светот.
Искрено, се надеваме дека интервјуто со Томи ќе те инспирира, мотивира и ќе ти даде елан да почнеш со шкрабање и да го пријавиш твоето учество на Red Bull Doodle Art 2023. Ослободи ја твојата креативност која може да те одведе до Амстердам!
Part of this story