Yoga за гејмери
© Wee Lee on Unsplash
Games

Yoga совети за гејмери

Совети од Brendon Hil, јога мастер и човекот кој ментално и физички ги подготвува дечките од Goliath Gaming, еден од најдобрите CS:GO тимови од Ј. Африка.
Напишано од Red Bull
се чита за 5 минОбјавено на
Ако си гејмер, сакаш да станеш гејмер или едноставно целото слободно време го користиш за играње игрици, тогаш наша топла препорака е да го прочиташ интервјуто со Brendon Hil, јога мастер и човекот кој ментално и физички ги подготвува дечките од Goliath Gaming, еден од најдобрите CS:GO тимови од Ј. Африка.
Приказната за тоа како Brendon Hil се трансформираше во јога мастер започнува со неговиот ризичен и храбар потег кога ја напушта својата кариера и работа како 3D артист и почнува да се фокусира на практикување јога. Неговата желба да ја пронајде длабочината и флексибилноста при движење на човечкото тело го доведе до многу интересна колаборација со еден од најдобрите CS:GO тимови од Ј.Африка - Goliath Gaming.
Во овој проект, Hill како инструктор по јога им помага на многу играчи кои се во врвот на Esports и верува дека оваа пракса ќе им биде од огромна корист и ќе им донесе позитивни придобивки на елитните играчи, како на ментално така и на физичко ниво, а сето тоа ќе допринесе до подобри резултати и трофеи. А сега е време за малку Q&A со Ben.
Brendon Hil
Brendon Hil

Од кога се занимаваш со јога и што е тоа што те привлече?

Прв пат се сретнав со јогата во моите рани 20ти. На почетокот го користев делот од јогата за истегнување, како дополнителна алатка за моите карате тренинзи. Од тој момент почнав да го продлабочувам мојот интерес за јогата, почнав да гледам туторијали и курсеви по јога на YouTube, но сепак првиот посериозен чекор беше моето запишување на курс по јога. На тој курс се сретнав со мојот ментор, кој патем беше доста специфичен и ексцентричен, но поседуваше високо ниво на слобода кое очајно посакував да го достигнам. Па така решив да се откажам од каратето и целосно да се фокусирам на јогата.

Кој се може да практикува јога и дали е можеби преголем залак за луѓе кои никогаш не биле физички активни и се почетници?

Мојот став е дека јогата е пред се "индивидуално патување" кое секој човек различно си го доживува и перцепира.
Brendon Hil
На кратко - секој може да вежба јога. На јогата треба да се гледа како еден вид на фитнес вежбање со терапевтско позитивно влијание врз физичкото и менталното здравје. Мојот став е дека јогата е пред се "индивидуално патување" кое секој човек различно си го доживува и перцепира. За мене лично јогата беше и сѐ уште е мојот учител за тоа кои се и до каде се протегаат моите лични ограничувања и бариери. Јогата не е само физичка и духовна вежба, туку ефективно ти помага да си го изградиш својот внатрешен лик и дело.

Како јогата им помага на гејмерите?

Физички, јогата има позитивно влијание на гејмерите во делот на зајакнувањето на половината (ака кичмата). Долгото повеќечасовно секојдневно седење и гејмање си го зема својот данок. Иако најголем дел од гејмерите се поприлично млади и сѐ уште не ги чувствуваат овие проблеми, но дефинитивно во иднина ќе ги "стигнат" проблемите. Јога вежбите се фокусирани за здрава, флексибилна половина како и поголема сила. Ментално, јогата дава фокус, умствена сила...супер моќ :)

Дали можеш да ни опишеш како изгледа еден тренинг со тимот на Goliath Gaming?

Морам да признаам дека секој час по јога со Goliath Gaming започнува енергично, дечките се задеваат еден со друг, така што прво нешто што го правам е се обидувам да ги смирам и да им го привлечам вниманието и фокусот. Потоа седнуваме доле на матот за јога, фокусирано дишеме и го следиме здивот. Овој момент е можеби најтешкиот дел од целата пракса.
Тренингот во глобала е поделен на 3 фази: асана, вежби за дишење и медитација. Асана вежбите се физички движења, со фокус на половината. После асана вежбите следува втора фаза, фокусирано дишење и техники за истото. И на крај, доаѓа делот на медитација каде со затворени очи, мирен и длабок здив се опуштаме и релаксираме после праксата.
Brendon Hill со Goliath Gamimg
Brendon Hill со Goliath Gamimg
Луѓето кои практикуваат јога многу полесно, помирно и со "чиста глава" се соочуваат со сите животни предизвици и препреки.
Brendon Hil

Добро ни е познато дека менталното здравје и физичка подготвеност се поврзани со јогата...како ова се имплементира кај Esports играчите?

Моите пракси со тимот на Goliath Gaming се исти како и кај сите класични јога пракси. Научно е докажано дека јогата позитивно влијае на физичката, менталната и емоционалната состојба кај човекот. Поради овој општо познат факт, луѓето кои практикуваат јога многу полесно, помирно и со "чиста глава" се соочуваат со сите животни предизвици и препреки, така што истите ефекти се пресликуваат и кај професионалните гејмери, кои благодарејќи на јогата во клучни мометни реагираат трезвено, фокусирано и мирно.

Совети до сите гејмери?

Прво нешто што треба да го направат е да си го пронајдат својот ментор. Небитно дали е некој лик од YouTube, јога мастер или некоја апликација, битно е дека треба да се има водич низ ова патување, преку кој ќе се обидеш да ги дознаеш основите, триковите и тајните на јогата. За почеток поздравете го Сонцето и неколку минути седете во тишина, сами со себе. Намасте гејмери!
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ОД СВЕТОТ НА RED BULL: