12-те етапи беа апсолутно исполнети со драма каде натпреварувачите се бореа со огромни песочни дини под силното пустинско сонце. Како и секогаш, релито Дакар е многу повеќе од само бројки и резултати...
14
А од каде поинаку да се започне ако не од самиот "Господин Дакар", Stéphane Peterhansel. Неговата 14та победа влезе во рекордните анали на релито. Французинот водеше во генерален пласман од втората етапа и сега има осум победи позади автомобилскиот волан но и уште шест зад мотоциклистичкиот.
Тој сега е рекордер со најмногу победи во една категорија благодарение на неговите осум победи во автомобилската класа. Претходно тој ја делеше оваа позиција со Владимир Чагин кој имаше седум победи кај камионите со неговиот Камаз.
"Со сигурност ова е еден или два рекорди за мене", изјави Петерхансел на финишот. "14 победи на три континенти и 30-годишнина од мојата прва победа во 1991."
Тој и неговиот совозач Edouard Boulanger беа следени низ пустината од Nasser Al-Attiyah. Иако катарскиот возач на крајот мораше да се задоволи со втората позиција во генерален пласман, тој сепак успеа да испише историја и за него. Трикратниот победник на Дакар е сега единствениот рели возач во историјата со најмалку една етапна победа во 14 последователни изданија на релито.
1987
Во 2019 бевме сведоци на последното издание на Дакар кое се одржа во Јужна Америка, а таму во категоријата мотори можеше да се види препознатлив финиш. Подиумот беше запечатен од Red Bull KTM Factory Racing. Toby Price ја заработи втората титула, победникот од 2018 Matthias Walkner беше втор а шампионот од 2017 Sam Sunderland беше трет.
Најтешкиот Дакар што досега сум го возел
Па што е муабетот со 1987? Тоа е последен пат кога Хонда обезбедила 1-2 финиш на Дакар... се додека не го направија тоа повторно токму оваа 2021 година благодарение на победникот Kevin Benavides и второпласираниот Ricky Brabec. Тоа се две победи на Хонда откако ја запреа победничката серија на КТМ.
"Момците напред завршија добра работа, честитки за нив" - изјави Саундерланд на финишот. "Ова е најтешкото рели на кое сум учествувал. Навистина долги стази, дини, карпи, планини... се што можеш да замислиш."
Sam Sunderland е првиот и единствен Британец кој победил на релито Дакар
© Marcelo Maragni/Red Bull Content Pool
18 години (и 118 дена) стар
Ново во Дакар 2021 беше вметнувањето на категоријата Лесни Возила (Lightweight Vehicles) каде беа групирани Т3 (side-by-side) машини заедно со Т4 на заедничка табела. Cristina Gutiérrez од Red Bull Off-Road Junior Team победи на првата етапа и со тоа стана првата победничка по победата на Jutta Kleinschmidt во 2005 година.
Уште историја беше испишана откако тимскиот играч на Cristina Gutiérrez, Seth Quintero победи на шесттата етапа, а подоцна во денот беше објавено дека тој е најмладиот победник на една Дакар етапа. 18-годишниот "почетник" го дуплираше овој успех со победа и во 11-та етапа.
Првопласирани во категорија Лесни возила беа Chaleco López и совозачот Juan Pablo Latrach Vinagre кои имаа пет етапни победи.
1-2-3
Најслабиот резултат на возачот во категорија Камиони - Dmitry Sotnikov на овој Дакар беше на ден 11 кога заврши четврт. Русинот влезе во Топ 3 на секоја друга етапа и токму конзистентноста му ја донесе неговата прва победа во генерален пласман. Ова беше 18та титула за Камаз, а Сотников беше седмиот возач во Team Kamaz Master кој победил на Дакар.
Се гордеам со сите вас момци
"Немам зборови, само емоции." - изјави Сотников откако неговата победа беше потврдена. "Сите ние се движевме према победата во последните неколку години, постапно приближувајќи и се. Сега сум многу среќен и горд на сите момци од тимот."
Сотников застана на подиумот покрај неговите тимски играчи Anton Shibalov и Ayrat Mardeev кои завршија втор и трет соодветно.
104
Вкупно 310 возила се појавија на стартната линија на Дакар 2021. Оваа бројка беше составена од 108 мотоцикли, 67 автомобили, 58 баги, 42 камиони, 26 класик и 21 квадови. До денот за одмор од релито се откажаа 68 од овие возила.
Целиот круг во должина од 7646 километри од Једах и назад успеаја да го завршат 206 возила. 104 машини отидоа во ДНФ, а 19 повторно влегоа во конкуренција Dakar Experience - правило на втора шанса.
Sирнете ги хајлајт моментите од најлудото пустинско рели шоу - Дакар 2021 кое оваа година се возеше во Саудиска Арабија.
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ОД СВЕТОТ НА RED BULL:
Part of this story