Спремни за искачување на Еверест
© Harry Kikstra
Exploration

Неколку неверојатни рекорди поставени на Монт Еверест

Еверест досега бил искачен над 8300 пати откако за прв пат тоа го направија Хилари и Норгај во 1953 година. Во продолжение следат некои неверојатни приказни поврзани со овие искачувања.
Напишано од Red Bull
се чита за 6 минPublished on
8848 метри високиот Монт Евересет или локално познат како Сагармата во Непал и Чомолунгма во Тибет - кое во слободен превод значи "Божица на небото" - е една голема планинска авантура која привлекува секаков тип на искачувачи.
Врвот во исто време претставува огромен логистички и психофизички предизвик за планинарите, но сепак, со неговата модернизација и комерцијализација, тој стана еден од најдостапните врвови повисоки од 8000 метри што секоја година во сезоните влече огромен број на посетители и планинари од секаква позадина.

Оригиналниот Red Bull

Red Bull Energy Drink

Red Bull Energy Drink - image
Па затоа и историјата на врвот на Еверест прибележува рекорди од најразличен тип, занимливост и степен на бизарност, а подолу во неколку параграфи одвојуваме некои кои се навистина вредни и интересни за споменување.

Прво искачување

Сер Едмунд Хилари од Нов Зеланд и Шерпа Тензинг Норгај од Непал се првите официјални искачувачи на врвот на светот. На 29 мај 1953 година, со далеку од софистицирана опрема, исхрана и логистика тие успеаја да го искачат врвот и да влезат во аналите на историјата.
Tenzing Norgay и Edmund Hillary после првото официјално успешно искачување на Еверест

Edmund Hillary и Tenzing Norgay

© Jamling Tenzing Norgay/www.tenzing-norgay-trekking.de

Она што можеби помалку се знае е дека пред да се вклучи на британската експедиција заедно со Хилари, година дена претходно, Тензинг Норгај заедно со неговиот партнер од Швајцарија - Рејмонд Лабмерт се откажаа на само 150 метри од врвот.
Успешното искачување во 1953 година дојде после три години откако Непал ги отвори границите за искачување на малку полесната јужна страна. Тогаш, од владата на Непал било дозволено само една експедиција да планира искачување на годишно ниво.

Прва жена на Еверест

Дваесет години од првото искачување, Јапонката Јунко Табеи е првата жена на врвот како дел од целосно женска експедиција на истата рута преку која се искачија и Тензинг и Хилари.
Junko Tabei во 1985 at Пик Комунизам

Junko Tabei - прва жена на Еверест

© Jaan Künnap/Wiki Commons

Она што можеби не го знаете, а е неверојатно, е тоа што таа била затрупана за околу шест минути во лавина при ова искачување, но била спасена и продолжила кон врвот како прва жена, но и прв женски искачувач на Seven Summits - највисоките врвови на секој континент.

Најмногу пати на врвот

Climbing through the Yellow Band on Mount Everest, May 2007.

Can you imagine summiting 32 times?

© Lloyd Smith

Достигнувањето на врвот е неверојатно, но тројца мажи досега се имаат качено дури 21 пат. Apa Sherpa тоа го направи во 2011, а Phurba Tashi Sherpa и Kami Rita Sherpaго го остварија овој подвиг во 2013. Dave Hahn е човек што доаѓа надвор од Непал, а има најголем број искачување - 15 кои ги постигнува во 2013 година.

Најбрзо искачување

Качувањето од базниот камп до врвот е во должина од 3,5 километри со огромна висинска разлика и по екстремен терен, па затоа оди етапно за да се направи соодветна аклиматизација на телото.
Photograph taken from the Everest summit on May 22, 2013.

View from the summit

© Carlos Pauner

И додека на регуларните посетители доколку им се погоди времето и многу други услови искачувањето трае најмалку 1 месец, во 2004 година Pemba Dorje Sherpa - успеа тоа да го направи во еден ден за 8 часа и 10 минути - од базен камп до врвот. Пред некоја година и Kilian Jornet успеа да го искачи врвот од северната страна самостојно за 26 часа.

Најбрзи надолу

Marco Siffredi со својот сноуборд во 2001 година успеа да скија од врвот до ABC - advance base camp на 6400 метри за два ипол часа, но тој не беше најбрзиот кој се спушти од врвот.
Искусниот словенец Davo Karničar кој дотогаш ги имаше скијано и Матерхорн, Аигер и Мон Блан, беше првиот што успеа да го скија Еверест од врвот до базниот камп за некои 5 часа.
Сепак, технички гледано, најбрзо спуштање припаѓа на французинот Jean-Marc Boivin кој со параглајдер успеа да за 11-12 минути да се спушти до Камп 2 на 5900 метри.

Најстар/а на врвот

Yuichiro Miura од Јапонија е најстариот искачувач на Еверест кој во 2013 година, на негови 80 години стапнува на врвот. Треба да се напомене дека Miura се искачува на врвот по само 4 месеци од операција на срцето и на симнување тој мораше да биде превземен од хеликоптер од 6500 метри висина до базниот камп. Во 1970 година тој го има скијано Еверест, а планот му е, доколку е жив во 2022 година да проба да го искачи на негови 90 години.
Во женска конкуренција јапонците повторно го држат приматот - Tamae Watanabe e најстарата жена која во 2021 година на нејзини 73 години се искачува на Еверест.

Најмлад/а на Еверест

На другата страна од возрасната скала, американскиот планинар Jordan Romero во 2010 година на негови 13 години и 10 месеци постанува најмладиот искачувач. Од кај жените во 2014 година Poorna Malavath од Индија се искачува до врвот на нејзини 13 години и 11 месеци.

Малку поразлично!

Mount Everest and Nuptse seen from Kalapatthar.

Mount Everest and Nuptse from Kalapatthar

© Pavel Novak

Kushang Sherpa e првиот човек кој се качува на Еверест од три различни рути - 1993 од South Col, во 1996 од North Face и во 1996 од Khangshung Face.
Австралијанецот Tim Macartney-Snape е првиот кој самостојно оди и го качува врвот стартувајќи од морското ниво. Во 1990 година тој го започнува неговото соло патување долго 1200 километри во Бенгалскиот залив, а се искачува на врвот слаб и изнемоштен. Tim е ко-креатор на познатиот бренд за аутдор опрема Sea to Summit.
Британката Pauline Sanderson, пак, отиде чекор понапред и во 2006 година одеше од Мртво Море кое се наоѓа на 420 метри под морското ниво до врвот за да направи целосно искачување од 9269 метри за кое и беа потребни шест месеци. Таа го оствари ова искачување заедно со нејзиниот сопруг што ги направи и прв венчан пар кој заедно го достига врвот.

И за крај

На 25 мај 2003 година, само четири дена пред 50-годишнината од првото искачување на Сер Едмунд Хилари и Тензинг Норгај, синот на Едмунд, Петер се јави на неговиот татко за да го поздрави од врвот.