Red Bull Student Marketeer
© Red Bull Eesti
Productivity

ВНИМАНИЕ! Во потрага сме по нов Red Bull Student Marketeer!

Ти си динамична личност, роден/а си за авантура, екстровертност ти е средно име и 100% посветеност, дисциплина и ширење на позитивна енергија се есенцијален дел од твојот карактер.
Напишано од Бранислав Спировски
Објавено на
Океј, ова не се резултати од твојата натална карта, туку основните карактеристики кои секој Red Bull студентски маркетер/амбасадор треба да ги поседува и практикува. Значи сè што ти треба е да си отворена и весела личност. Па нема поубаво!
Ако си од оние луѓе кои сакаат секој ден да им е различен, мечтаат да се дел од забавна и лабаво-напната работна атмосфера, не се фанови на "од 9 до 5 работно време", сакаат секој ден да запознаваат нови и различни луѓе, се идентификуваат со основните постулати на Red Bull, тогаш ти си личноста што ја бараме!
Потребно е да си активен студент во Скопје и да поседуваш валидна возачка дозвола од Б категорија. Ако го имаш тоа што ни треба тогаш биди сигурен дека шансите да станеш следниот Red Bull Marketeеr се повеќе од реалност. Затоа, не се двоуми и аплицирај за незаборавно искуство кое ќе те прати до крај на животот. А сега прочитај убаво и детално што се бара од тебе!
Кои се твоите работни задачи и обврски?
Прво, потребно е да креираш одредена стратегија во глава за тоа како ќе успееш да допреш до потенцијалните купувачи, фанови и поддржувачи на ликот и делото на Red Bull. Во превод, потребна ти е добитна тактика која во пракса би се реализирала преку ширење на твојата внатрешна позитивна енергија и енергијата која зрачи од лименката на Red Bull. Ако овие две енергии се потрудиш правилно да ги искомбинираш, тогаш многу лесно ќе успееш да изнудиш искрени насмевки, ќе забележиш радосни и среќни лица и ќе почувствуваш како одеднаш си опкружен/а со луѓе кои генерираат убава позитивна енергија и се повеќе од подготвени да го зграпчат денот и секоја шанса што им се пружа.
Второ, преку твоите социјални вештини, незаменливата харизма и паметната тактика треба да обезбедиш лесна видливост и достапност на производите на Red Bull во сите продажни места. Исто така твоето присуство ќе биде задолжително и на сите настани организирани од страна на Red Bull, каде ќе имаш можност да запознаеш и да соработуваш со многубројни професионални спортисти и познатите личности, на кои ќе се обидеш да им приредиш незаборавно Red Bull искуство.
Трето, мораш да го познаваш Скопје како твојата десна дланка, а истовремено да ги знаеш на "памет" навиките и вкусовите на потрошувачите. Потребно е да имаш изострен мирис и вкус за пронаоѓање на вистинските луѓе на вистинско место во вистинско време, и притоа секогаш да ги пречекаш со лименка Red Bull.
Во потрага сме по млади луѓе кои ги разбираат, препознаваат и живеат вредностите и животниот стил кој го поседува и промовира Red Bull како бренд. Секој оној што ќе посака да стане студентски маркетер на Red Bull, треба да поседува природен, забавен и лесен за восприемање дух и да живее според максимата "ако јас не можам ова да го направам, тогаш никој друг нема да може". Клучот за успех е - позитивен став во животот!
Но тоа не е сè! Ако ја добиеш позицијата студентски маркетер на Red Bull, биди сигурен/сигурна дека ќе имаш неверојатна шанса да се забавуваш како да нема утре, ќе се стекнеш со огромно и многу значајно маркетинг искуство, пренесено од истомисленици и луѓе кои го живеат животот на Red Bull. Знаејќи го фактот дека Red Bull маркетерите се јадрото на маркетингот на Red Bull, твоја задача е да ги освоиш срцата и симпатиите на потрошувачите. Сето ова е возможно ако дозволиш да те понесе магијата на Red Bull!
Исто така од тебе се очекува да ја зголемиш и разбистриш видливоста на Red Bull како бренд низ факултетските коридори и твојот круг на пријатели-студенти преку организирање на акции, промоции, конектирање со водечките студентски организации, комуникација со медиуми и спортски факултетски екипи. Треба да се осигураш дека твоите пријатели-студенти ќе имаат позитивна слика за Red Bull, преку осмислување и реализирање на креативни, иновативни и храбри иницијативи.
Како за крај да се потсетиме на круцијалните услови кои морат да се исполнат ако сакаш да бидеш новиот Red Bull Маркетер:
  • Активен студент во Скопје;
  • Поседуваш валидна возачка дозвола од Б категорија и
  • Се препознаваш себе си во сите од горенаведените карактеристики и вредности.
Ако сметаш дека ти си правиот човек за оваа работа, сè што треба да направиш е да отвориш лименка Red Bull, која ќе ти даде крилја за да го "слеташ" твоето CV и мотивационо писмо на следнава е-маил адреса marko.gugoski@redbull.com, најдоцна до 21.06.2021 година! Со среќа!