Pelister Downhill Cup #9
© Иван Нешовски
Bike

Pelister Downhill Cup#10 - амбасадор на даунхил дисциплината во Македонија

Eкстрим Бајк Тим од Битола и оваа година го организира традиционалниот Pelister Downhill Cup. Прочитај и дознај повеќе инфо за амбасадорот на даунхил дисциплината во Македонија!
Напишано од Игор Јовановски
се чита за 3 минPublished on
Pelister Downhill Cup #10 е велосипедски натпревар, а воедно и адреналинско доживување кое се одржува секоја година во Национален парк Пелистер - Битола на кое учествуваат даунхил возачи од цел Балкан, па и пошироко.
Јубилејната 10-та по ред трка ќе случи од 19-21 Август 2022 година. Почетокот на стазата е на планинскиот ресорт Kопанки, а истата завршува на целната рамнина поставена кај детското одморалиште.
Pelister Downhill Cup #9

Pelister Downhill Cup #9

© Иван Нешовски

Со традицијата која овој настан ја поседува зад себе (девет успешни изданија) и тимот кој неуморно работи на развивање и подобрување на самиот настан, а со тоа воедно и на даунхил сцената во Македонија, слободно може да се каже дека Pelister Downhill Cup е амбасадор на даунхил дисциплината во Македонија.

Оригиналниот Red Bull

Red Bull Energy Drink

Red Bull Energy Drink - image
Купот ќе биде одржан според правилата на Union Cycliste Internationale UCI, a oваа година за првпат на 20ти (сабота) ќе се одржи и македонскиот даунхил шампионат во склоп со Балканското првенство во кое учество ќе земат македонски даунхил возачи. Ова значи дека за првпат во нашата историја ќе имаме македонски шампион во оваа дисциплина.
На Pelister Downhill Cup #10 оваа година се очекува да земат учество повеќе од 60 возачи од земјава и странство, кои ќе бидат "опколени" со околу 3000 љубители на даунхил сцената. Меѓу пријавените натпреварувачи има и познати европски тркачи од Кипар, Грција, Косово, Србија, Албанија и Бугарија.
Возачите ќе се натпреваруваат во следниве категории:
  • Mini Junior (12/13/14/15 години)
  • Junior (16/17/18 години)
  • Elite (19-29 години)
  • Masters (30+ години)
  • Hobby
Оваа година наградниот паричен фонд ќе се подели помеѓу првите 5 најбрзи возачи и тоа во следниов облик: 400, 250, 150, 100, 70 евра, а натпреварувачите треба да очекуваат и богати награди од останатите спонзори.
Pelister Downhill Cup #9

Pelister Downhill Cup #9

© Иван Нешовски

Пријавувањата се отворени на овој линк и се активни сѐ до денот на трката. Дополнително инфо може да добиете на Фејсбук и Инстаграм.
Она што особено е за поздрав е фактот дека секоја година интересот на публиката на патеката се зголемува, па за време на трката може да се забележи публика од најмала до најголема возраст. Дополнително, повеќето од нив со овој екстремен спорт се запознале токму на Пелистер изминатите години, а сега истите тие се верни фанови на спортот и настанот.
Прочитај нешто повеќе и погледни ја фотогалеријата од минатата година на следниов ЛИНК, а погледнете го и лудото победничко возење од минатата година на кипарецот Andreas Theodorou.
Пријави се доколку веќе си во екстремните велосипедски води или едноставно дојди, навивај и подржи го настанот Pelister Downhill Cup #10! Се гледаме на Копанки!