Вајбот на Д Фестивал, јули, 2021 година.
© Red Bull
Festival

Краток прирачник за Д Фестивал 2022!

Без разлика дали си гуштер или по стоти пат на фестивал, секогаш на секој фестивалџија му се случува истото - да заборави, да не знае и/или да не скрои добар план за што треба да види/слушне/доживее!
Напишано од Бранислав Спировски
се чита за 5 минОбјавено на
Затоа, после текстот за музички настани што не треба да ги пропуштиш летово, си земавме за задача да склопиме еден просто-проширен водич за Д Фестивал 2022 во кој ќе ги наброиме најважните (според нас) работи што треба да ги знаеш ако одиш (се разбира дека ќе одиш) на овогодинешното издание на Д Фестивал, кое ветува добра забава како политички кандидати пред избори!
Сино небо, златно езерско сонце, плажа, камп, пријатели, љубов, музика, шаренило од активности во Плоштарт и сите фестивалски зони се зборовите со кои можеме најопшто да го дефинираме Д Фестивал, еден од најдобрите музички фестивали во државава.
Но, ајде да нурнеме малку подлабоко во сржта на овој неповторлив шмекер, Министерот за летни музички фестивали, Д Фестивал 2022.
01

Широка и квалитетна музичка селекција

Публиката на Д Фестивал, јули, 2021 година.
Д Фестивал
На ова поле, оваа година екипата на Д Фестивал се надминаа себеси т.е. поштено изгазија!
Kruder & Dorfmeister, Kosheen, Tamikrest, Zad Agolot, Chista Okolina, Buč Kesidi, ZHU, Konstrakta се само мал дел од музичките имиња кои ќе продефилираат низ трите фестивалски дена, а има уште огромен број на квалитетни музички имиња кои вреди да се просведочат!
Но, бидејќи ќе немаш време да видиш сè што ти душа сака, горните артисти се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ, бидејќи на одреден начин овие артисти го сочинуваат 'рбетот на овогодинешното издание на Д Фестивал!
Важно: Направи си календар во мобилен со саатници за кога и каде треба да си! Не заборавај да ставиш потсетник, инаку за џабе го правеше календарот ;)
02

Време е за активирање на твојот омилен фестивалски аутфит

Фестивалџии на Д Фестивал, јули, 2021 година.
Д Фестивал
Кај што има дим таму има и оган, а кај што има музика, таму има и мода. Епа водејќи се според ова правило, те советуваме однапред да си ги пронајдеш, пробаш и резервираш (според денови) твоите омилени фестивалски модни комбинации кои ќе те направат да се чуствуваш како да си на Burning Man.
Од блиски извори на "власта" на Д Фестивал, дознаваме дека најверојатно, на територијата на кампот на Д Фестивал ќе "патролира" модна полиција која ќе ги фотографира најдобро облечените фестивалџии и истите симболично ќе ги награди, така што облечи се левтерно, летно, лабаво, во 100% фестивалско расположение. Биди свој, биди уникатен!
03

Дојди, види, играј, победи и освој награда!

Заборавените модели на видео играта FIFA.
Ретро FIFA
Кога ќе сакаш да одмориш од журкање и трескање од земја после посета на настапот на твојот омилен артист, слободно можеш да се опуштиш со некоја партија eFootball 2022, да го следиш eFootball series (или познато како PES) турнирот со најдобрите 8 ефудбалери, да учествуваш на предизвиците за вештина, прецизност, слободен удар и/или погоди ја гредата со фудбалска топка, да ги покажеш твоите фристајл фудбалски вештини, да ја собереш екипата за 3 на 3 турнир во мал фудбал и уште многу многу забава, панел дискусии, еден тон активности за публиката и едно изненадување.
Исто така дечките од Гоблин Друштвени игри ќе имаат свое катче на Д Фестивал, така што ако си повеќе по играње друштвени игри, тогаш Гоблин е сè што ти треба!
За што и да се одлучиш, не заборавај да земеш ледена лименка Red Bull која ќе ти даде дополнителна енергија за музичкото патување наречено Д Фестивал 2022!
04

Биди дел од најфамозната епска хип-хоп журка

ДЏ Irie Scratch настапува на Д Фестивал, јули, 2021 година.
Д Фестивал
ДЏ Pancho aka Shorty P настапува на Д Фестивал, јули, 2021 година.
Д Фестивал
🚀 FEEL D SHAKE на Д Фестивал 🚀
Ова лето за Shake делот на Lake Awake бината, резидентите на најфамозната скопска журка Shorty P & Irie Scratch, пристигнуваат заедно со Elon, BA$HA, Young Dadi, Bon Praskiza & Sexy Marsa и Vanski, како и Nasty и Ogipsilon во диџејската екипа.
Епската журка се враќа на Lake Awake и тоа во нов, засилен фестивалски концепт за официјалното затворање и до финалното разденување на Д Фестивал 2022.
05

Виртуелна Тур Д Фест тура

Како за крај, и пред да тргнеш на Д Фестивал, можеш виртуелно да прошеташ низ Дојран и да дознаеш кои се најважните локации поврзани со Д Фестивал. Каде? Тука!
Од информации за кампот и билети, преку локациите на сендвичара Џина и ресторан Фук Так, до информации за Дојран и најдобрите сместувања.
П.С. Слободно можеш да "излезеш на прошетка" по пижами, не грижи се, никој не те гледа!
Прирачникот е спремен, нема потреба од негово принтање и пикање по разно-разни џебови, така што на тебе оставаме на музички план квалитетно да се спремиш, да ги одбереш најудобните и најкул фестивалски модни парчиња (и за ова ќе имаме прирачник), да купиш карта за Д Фестивал, ако до сега не си го направил тоа и со сериозен план и календар на активности да чекаш да дојде 1 јули и да се "фрлиш" на сериозно журкање! Се гледаме на Д Фестивал!