Fitness
Минатата сабота, во CrossFit Skopje се одржа интензивен, динамичен, Red Bull Gym Clash тренинг, специјално креиран од Лука Џукиќ & Жарко Батиќ. Добар вајб, фантастична група фитнес ентузијасти, добра музика и тренинг што ќе се памети!
Сега, отвори ладна Red Bull лименка и дознај во детали што се случуваше на тренингот 🙂
Настанот започна со краток бриф за глобалниот фитнес натпревар Red Bull Gym Clash, каде тренерите и сопствениците на сали за вежбање во Македонија имаа шанса да ги добијат одговорите на сите прашања поврзани со натпреварот од прва рака.
Kick-off-от беше проследен со кратко, но (баш!) интензивно загревање за она што следеше подоцна.
- 400 метри трчање
- 3 рунди: 10 x Scap Pull-Ups, 10 x Box Step-Ups & 5 x Inchworm to Push-Up
- па 400 метри трчање, проследено со:
- 3 рунди: 5 x Hang Power Clean & 5 x Box Jump Over.
Ајде да видиме како тоа изгледаше низ низа фотки:
Не е толку страшно, нели? 😅 Биди така, не сме ни почнале со главниот тренинг!
Пред да продолжиме, најбитно што мора да се истакне е фактот дека секој еден што вежбаше, дефинитивно покажа “натчовечки” способности и сме убедени дека секој на тренингот ги помести своите граници за физичка подготвеност на следното ниво.
Едноставно, потпишуваме дека борбата за национален Red Bull Gym Clash шампион ќе биде екстра тесна!
Но, да се вратиме на тренингот - што ги очекуваше тренерите на 28. март?
На кратко, 30 минути константна, интензивна физичка активност, со простор за одмор од само 5 минути меѓу рундите пред да ги заменат вежбите.
Најпрво, тимовите беа поделени на четворица, а секој еден од тимот мораше да ги помине сите “тестови”: за издржливост, вештина и секако, сила.
- 10 рунди, каде двајца партнери од тимот најпрво наизменично ги прават вежбите Bar Hang & Alt Plank Hold, а останатите двајца 10 x Power Clean (40/25) & 10 x Box Jump Overs. Потоа се менуваат.
Ѕирни како тоа изгледаше низ неколку фотки:
Заклучок? Овој тренинг беше вистинско загревање пред националното Red Bull Gym Clash финале.
Во CrossFit Skopje преовладуваше силна тимска игра, јасна координација и високо ниво на борбеност и енергија што го дефинира Red Bull Gym Clash. На крајот од тренингот, следеа ледено ладни крилја и дополнителен простор сите прашања поврзани со Red Bull Gym Clash да добијат јасни и детални одговори.
Со овој тренинг, уште еднаш се потврди дека во Македонија преовладува страшна фитнес заедница, која дефинитивно би изгазила и на светската сцена во Египет!
Националното Red Bull Gym Clash финале ќе се одржи во Palestra Fitness Center во Скопје, на 25 април, а токму на тоа финале ќе дознаеме која сала ќе ја однесе титулата национален Red Bull Gym Clash шампион!
П.П.С. Сега откако го имаш тренингот што ќе те подготви тебе и/или твојата екипа од сала за Red Bull Gym Clash, останува само да се фрлите на работа и да се пријавите веднаш штом се отворат пријавите!
Part of this story