Овој викенд, четвртиот по ред Red Bull Half Court се пресели на нова локација и на нов терен, каде го дознавме новиот национален шампион кој во декември оди на светско на Филипини!
На 13 и 14 јуни, најголемиот 3х3 спектакл во главниот град повторно испиша ново поглавје во 3х3 светот! Новиот терен во парк „Авионче“ беше домаќин на четвртото издание на Red Bull Half Court во Македонија, каде го дознавме и четвртиот различен национален шампион – тимот што во декември ќе ја претставува нашата земја на светското финале на Филипини.
Оваа година, покрај врвниот уличен баскет, во центарот на вниманието беше и новиот терен во Аеродром. На 13 јуни, теренот ја имаше својата премиера, исцртан со победничкиот дизајн на Лилија Ивановска, кој беше избран од страна на стручното жири составено од сопственикот на SWithADot, Сатја Грабулоски и хип-хоп легендата, Тони Зен.
Турнирот започна со групната фаза, каде 20 екипи влегоа "во трка" за титулата, а публиката непрестано ги бодреше најдобрите улични кошаркари. Во оваа фаза, секој тим го даде својот максимум со цел да обезбеди пласман во финалињата, што донесе серија крајно неизвесни натпревари кои цело време ја држеа публиката на нозе.
На првиот ден од Red Bull Half Court, зад пултот застана екипата на SureShotz, во состав на Irie Scratch, Dj Nasty и Ogipsilon, во ритам кој ја диктираше цела атмосфера во парк "Авионче".
Покрај крајно неизвесни натпревари, вистинската еуфорија настана кога хип-хоп легендата Тони Зен излезе на теренот во своето маало и ја изненади публиката со фантастичен настап. Настапот имаше силна симболика, бидејќи токму стиховите од неговата култна песна „Моето маало“ беа испишани на самиот терен, спојувајќи ги музиката, уметноста и уличната кошарка во една приказна.
Вториот ден донесе уште повеќе адреналин; по серија атрактивни дуели на терен, место во полуфиналето обезбедија екипите Sinatra, Solution 3x3, Euroedil Holding и Аптека Фармакон.
Прво полуфинале: Sinatra успеа да ја совлада екипата на Solution 3x3 и славеше со 17:13.
Второ полуфинале: Минатогодишниот шампион Euroedil Holding доминираше против Аптека Фармакон со убедливи 19:6.
Пред големото финале, атмосферата се искачи на уште повисоко ниво со настапот на уште една светска атракција – четирикратниот светски шампион во забивање, Red Bull спортистот Grabo Dunks! Со серија неверојатни забивања преку повеќе од десет луѓе од публиката, приреди шоу што дефинитивно долго ќе се памети.
На вториот ден од Red Bull Half Court, повторно бевме сведоци на страшно добри битови за кои беа задолжени Dj Goce & Dj Chvare, диригирајќи со целокупната енергија на теренот.
И двата тима го дадоа својот максимум на теренот, но на крај тимот Sinatra успеа да го собори ланскиот шампион со тесен резултат од 21:19!
Дефинитивно, 13 и 14 јуни повторно ќе бидат запаметени како датуми кога се отвори уште едно ново поглавје во 3х3 светот во Македонија.
Што е следно за тимот Sinatra?
Следната задача на екипата на Sinatra е дефинитивно да ја пренесе таа позитивна енергија, неверојатна игра, возбуда и адреналин на светското Red Bull Half Court финале во Манила.
Сега, скролни низ галеријата и осети дел од енергијата што владееше на Red Bull Half Court 2026 во Скопје!
Во меѓувреме, не чекај, собирај екипа и правец на терен за Red Bull Half Court 2027!