Сенида и Лепа Брена настапуваат за време на Red Bull SoundClash во Белград, Србија на 2 јуни 2023.
© Predrag Vuckovic / Red Bull Content Pool
Music

Како си поминавме на Red Bull SoundClash со Лепа Брена x Сенида?

Ненормално јака организација, 10.000 лојални фанови, динамични настапи на две балкански диви, звук-лудило и неповторлив вајб е мал дел од импресиите од првиот Red Bull SoundClash настан во Србија!
Напишано од Бранислав Спировски
се чита за 3 минPublished on
На 2 јуни, на Долен Калемегдан, местото каде Дунав ја “запознава” Сава, се сретнаа Лепа Брена и Сенида, две музички кралици, претставнички на две различни генерации. Од тој момент започна музичкото лудило кое никого не остави со скрстени раце, да гледа во небо или да мисли на нешто друго.
Сенида настапува за време на Red Bull SoundClash во Белград, Србија на 2 јуни 2023.

Експлозивен настап на Сенида

© Predrag Vuckovic / Red Bull Content Pool

Лепа Брена настапува за време на Red Bull SoundClash во Белград, Србија на 2 јуни 2023.

Една и единствена - Лепа Брена

© Predrag Vuckovic / Red Bull Content Pool

Океј, ајде да видиме што се случуваше наRed Bull SoundClash во Белград, сумирано во 10 точки. Тргнуваме!
  • Настанот беше поделен на два стејџа: Тим Брена (обележан со плава боја) и Тим Сенида (обележан со црвена боја)... а, ние во средина;
  • Аналогно на горната констатација, публиката (и ние, секако) константно одеше од стејџ на стејџ затоа што музичките изведби беа наизменични или една пее на едниот стејџ, завршува и другата почнува на другиотстејџ. Малку пинг-понг ситуација, ама вредеше секој чекор!;
  • Слушнавме како Брена ја пее “Mišici”, шизевме на “Čik Pogodi” во изведба на Сенида, бевме сведоци на латино верзија од “Golube”, а фасцинантен и изненадувачки беше преминот од дуел во дует - заедничката изведба на “Pusti, Pusti Modu” на еден стејџ;
  • Толку беа блиску поставени стејџовите до публиката, што добиваш чувство како да си на приватен концерт;
  • Стејџовите, сценските настапи и целиот вајб беше како да сме на Coachella, ама со балкански шмек. Сега-за-сега неповторливо искуство;
  • Искрено до овој настан, не знаевме дека аплауз на отворена сцена може да се слуша низ цел Балкан. Се врискаше (од среќа и возбуда, секако) како да нема утре;
  • И да врне и да вее, на Red Bull SoundClash се пее! Врнеше цела вечер, ама кој да примети?!;
  • Ноќ за паметење. Точка;
  • Крајната рунда беше просто WOW! На домашен терен кај Сенида (црвениот стејџ) двете кралици заблескаа во полн сјај со изведба на песните “Jugoslovenka” и “Balkanka” и тогаш се случи очекуваното - публиката буквално збесна и
  • На крај, во финалето имавме нерешен резултат, што резултираше со повеќеминутен огномет кој го осветли цел Белград.
Искрено, можеме да пишуваме и раскажуваме уште година дена (тоа и ќе се случи), но тука ќе застанеме и ќе те оставиме да уживаш во селекција на фотографии од настанот на годината во Србија!