Haley Adams staying motivated with Red Bull Zero between her sets
© Alex Trobough
Fitness Training

8 вежби за фокус и подобрување на концентрацијата

Подобри ја својата концентрацијата и испробај едноставни техники кои дефинитивно ќе ти помогнат да го подобриш своето внимание и фокус.
Напишано од Red Bull
се чита за 5 минPublished on
Научно е докажано дека мозокот најдобро функционира кога има структура и ритам. Без разлика дали денот го започнуваш со трчање и доза адреналин или со мирен старт преку медитација, најважно е да имаш #НулаИзговори и јасна рутина што ќе те држи фокусиран на твоите цели.
Кога Red Bull Cliff Diving шампионот Blake Aldridge се наоѓа на работ на платформа висока 27 метри, знае дека мора да остане целосно концентриран од моментот на скокот до самиот пад во вода. Скок од оваа висина според Aldrigde „се чувствува како директен удар од Mike Tyson“. Затоа, спортистите како него, не само што мора да бидат физички спремни да го поднесат ударот, туку потребно им е да се целосно фокусирани и да не дозволат да го изгубат вниманието во најкритичните моменти.
Секако, овие совети не важат само за професионални спортисти, па без разлика дали се спремаш за следниот маратон, вежбаш рекреативно или само сакаш да се концентрираш на работа/учење, пробај ги овие 8 вежби и зајакни го својот фокус.

8 вежби за фокус и подобрување на концентрацијата

Richard Murray

Richard Murray

© Kolesky

01

Направи to-do листа

Првиот чекор кон подобрување на фокусот е секогаш елиминирање на дистракциите, кои најчесто настануваат кога имаш листа полна со задачи кои не се поврзани со она на коешто се обидуваш да се сконцентрираш. Решението? Направи една детална to-do листа за да ги држиш сите задачи под контрола и ќе спречиш нешто едноставно, како на пример перење алишта, да ти го одвлекува вниманието.
02

Прочитај добра кинга

Голем дел од содржините што ги консумираме секојдневно се кратки и лесни, но ако навистина сакаме да го зајакнеме нашиот фокус, потребно е да пробаме да читаме нешто подолго и покомплексно. Читањето подолги текстови ја тренира способноста за трајна концентрација и го подобрува фокусот, бидејќи умот мора да остане присутен и да обработува повеќе информации одеднаш. Наш предлог? Пробај во одреден временски период (што сам ќе си го зададеш!) да ја прочиташ биографијата на Red Bull Cliff Diving шампионот Orlando Duque: “High Diver: My Life on the Edge”.
03

Тренинг со мали, секојдневни предизвици

Колку е порепетитивна задачата, толку повеќее ни е потребен фокус за да ја завршиме. Практикувањето на секојдневни, репетитивни вежби, како на пример: отворање и затворање на дланката пет минути, го тренира мозокот да се концентрира на тоа што е навистина важно и да ги решава работите без дистракции.
Еxtra tip:

Зошто да не се предизвикаш и да пробаш да го тренираш фокусот на забавен начин? 👇

Направи кратка пауза и тестирај го твоето фитнес знаење со играта Guess the Word - мал предизвик кој ги тестира твоите фитнес вештини и истовремено ги буди мозочните клетки и ја одржува концентрацијата на високо ниво.
04

Активно слушање за подобар фокус

Активното слушање го зајакнува фокусот и е клучен алат за подобрување на односите со другите. Во денешно време навистина е лесно да се препуштиш на бесконечно скролање на социјални мрежи или мулти-таскинг додека слушаш подкаст или аудиокнига, но предизвикувачкиот момент е способноста целосно да се фокусираш само на звукот, без разлика дали е тоа разговор со пријател или гледање филм без други дистракции, бидејќи на тој начинја тренираш способноста за концентрација.
05

Физичка активност

Не е случајност што многумина се насочуваат кон фитнес кога им треба целосен детокс на мислите. Покрај физичките бенефити, редовниот тренинг исто така помага при вежбање на ментална издржливост и зацврстување на твојата дисциплина. Затоа, нула изговори! Време е да спакуваш нова рутина.
На тренинг со #НулаИзговори

На тренинг со #НулаИзговори

© Alex Grymanis

06

Меморија

Нема подобар начин да го зајакнеш фокусот од вежби за зајакнување на твојата меморија. Дури и ако немаш фотографска меморија, обидот да рецитираш долга песна или да ги научиш сите главни градови во светот бара дисциплина и целосна концентрација. Стартувај со нула изговори, избери задача, посвети 10–15 минути дневно и тренирај го умот без да одолговлекуваш.
07

Медитација

Фокусот всушност е способноста да го контролираш својот ум. Медитацијата е една од најпопуларните и најефективните техники за развивање на фокус, бидејќи го тренира мозокот да се спротивстави на најосновниот импулс - одвлекувањето на вниманието. Стартувај со само 5-10 минутна медитација дневно, на тивко место, без мобилен телефон и без други дистракции.
Стартувај го денот со медитација

Стартувај го денот со медитација

© Colin Kerrigan / Red Bull Content Pool

08

Спротистави се на дистракциите

За најбараниот тренер за шутирање, Lethal Shooter, тренингот за фокус му помага да ги игнорира дистракциите во критични моменти на терен: „Кога шутираш пред 17.000 луѓе и треба да постигнеш победнички шут, не смееш да дозволиш да те вознемират коментарите од трибините. Мора да научиш како да ги блокираш сите дистракции." Ова е важно не само во спортот, туку и во секојдневниот живот, било да станува збор за работа, учење или тренинг. Секојдневното практикување на фокусот ти помага да ги игнорираш малите дистракции и да се концентрираш на она што навистина е важно.