Sébastien Ogier дрифта со неговото Rallye Jeunes Peugeot
WRC

#TBT WRC возачи и нивните први рели возила

© Guillaume Ivaldy
WRC рели возачи се сеќаваат на нивното деби во рели светот т.е. првите рели возила со кои го започнале патувањето наречено - WRC. Одиме на кратко во минатото!
Напишано од Red BullОбјавено на
Најверојатно, првото рели возило е нешто налик на првата девојка или момче - врската не дека траела со децении, но засекогаш ќе остане врежана во нашите мозоци и никогаш нема да имаме лоша меморија за истата.
Епа, ајде на кратко да се навратиме во тие убави спомени од минатото и да дознаеме кои биле првите рели возила на Sébastien Ogier, Thierry Neuville, Mads Østberg и други рели возачи, кои со неверојатна леснотија и жар во нивните зборови објаснуваат за првите "чекори" во светот на рели трките.
Sébastien Ogier
"Моето прво рели возило беше Peugeot 206 со кое се натпреварував на Rallye Jeunes Купот во Франција. Фантастични мемории ме поврзуваат за ова возило и она што е интересно е дека неодамна дознав и кој е човекот што моментално го поседува истото. Веднаш го исконтактирав и му реков дека ако еден ден се реши да го продаде, многу нормално дека јас ќе бидам тој што ќе го купи, затоа што тоа возило сакам да остане засекогаш во мојата меморија и претставува есенцијален дел од мојата кариера".
WRC возачите се сеќаваат на нивните први рели возила.
Sébastien сака да си го врати своето Peugeot 206 назад
Mads Østberg
"Кариерата ја започнав со Opel Ascona. Прекрасно возило. Ја купив кога имав 15 години, за некои 2.000 евра, модел од 1987 година, годината кога сум роден. Сè уште ја поседувам Ascona-та, моето дебитантско рели возило од Шведска, 2004 година. Пред дебито имав искуство само како совозач на мојот татко (Morten Østberg), така што имав какво-такво искуство и познавање од рели светот. Но, сепак првото мое соло возење беше фантастично искуство и нешто што никогаш нема да го заборавам.
"Бидејќи Opel Ascona беше евтино и старо возило, секогаш имаше нешто што треба да се поправи и никогаш не функционираше константно добро и смут. На пример, ми текнува дека имав доста сериозни проблеми со системот за сопирање и никогаш не дознав која беше причината и изворот на истите. Па така од време на време сопирачките знаеја да откажат и да не можам да сопрам, но среќа никогаш немав некои посериозни проблеми...освен неколку излетувања, нели :)"
Hayden Paddon
"Kариерата ја стартував позади воланот на легендарното Mini. На 13 годишна возраст во Нов Зеланд се организираа хронометарски брзински трки и на мојата прва трка бев горд на себе што не завршив последен. Неверојатно искуство и момент што ќе го паметам до крајот на мојот живот".
WRC возачите се сеќаваат на нивните први рели возила.
Hayden Paddon со неговото омилено Mini
Thierry Neuville
"Во 2007 година го купив првото рели возило - Opel Corsa. Не беше нешто wow, имаше нов менувач и секако, тркачки мотор, но беше многу брза и лесна за маневрирање. На првите две трки од мојот живот завршив на второ и трето место, така што имав многу многу добар почеток на кариерата. Пред да купам Opel Corsa бев рели совозач и на моето прво совозачко искуство, после изминати 10км, се удривме во дрво. Така што од тој момент решив да не ја играм улогата на совозач, иако сударот и грешката не беа по моја вина. После тој момент дебитирав како возач на релито во Луксембург, и како што напоменав, се пласирав на второто место, така што успешно ја стартував мојата кариера".
WRC возачите се сеќаваат на нивните први рели возила.
Thierry зема здив во неговата Opel Corsa
Ott Tänak
"Во 2003 или 2004 година, го имав моето прво рели искуство возејќи VW Scirocco. Иако беше старо возило, модел '86 или '87, истото поседуваше моќен 2.0 литарски мотор, но шасијата не беше баш во најдобра состојба - во споредба со сегашните WRC возила е класи подоле! Но, според мене ако ја започнеш кариерата со возило кое не-е-така-лесно за управување, можеби на почетокот ќе ти биде комплицирано и ќе имаш не-баш-најпријатно искуство, но сепак е одлична школа и дефинитивно ќе ги усовршиш твоите возачки способности и повеќе од спремен ќе влезеш во светот на рели трките.
Но, моето прво вистинско рели искуство беше локално и во него учествував со Volkswagen Golf MK II. Успеав да извозам цели 4км пред да имам судар. Одлична лекција и дефинитивно тие 4км ќе ги паметам цел живот".
WRC возачите се сеќаваат на нивните први рели возила.
Првото рели на Ott траеше "цели" 4км!
Malcolm Wilson, директор на M-Sport тимот
"Првото рели возило кое го возев (на автопат) беше Ford Anglia, а првото вистинско рели искуство го имав со легендарниот Mk I Ford Escort кој го поседував од 1974-77 година. Феноменално искуство со феноменално возило".
WRC возачите се сеќаваат на нивните први рели возила.
Malcolm со неговиот Mk II Escort во 1980 година
Предобри мемории, фантастични возила и несекојдневни искуства! Само те замолувам не ги следи овие примери, затоа што дечкиве се професионалци уште пред да се родат.
Part of this story

Sébastien Ogier

FranceFrance

Thierry Neuville

BelgiumBelgium