Жарко Батиќ за време на тренинг
© Stefan Katrandjiski / Red Bull Content Pool
Fitness Training

Одблиску со Жарко Батиќ, спортскиот директор за Red Bull Gym Clash

Од будење наутро во 04:23, до безброј тренинзи, натпревари, подготовки за Red Bull Gym Clash и снимање на еден од најпопуларните подкасти во Македонија...
Напишано од Red Bull
се чита за 5 минPublished on
За Жарко Батиќ не постои еден конкретен момент што го направил она што денес е, туку неговиот резултат е збир од мали одлуки - да се разбудиш кога не ти се станува, да тренираш кога телото ти кажува дека е доволно, да направиш уште едно дополнително повторување кога веќе си изморен... Верува, дека токму така се гради дисциплината што подоцна станува навика.
Љубовта кон процесот, желбата за напредок и постојаното учење се само дел од работите што го движат напред, без разлика дали е во сала, на натпревар или позади микрофон.
Пред националнотоRed Bull Gym Clash финале, решивме да поразговараме со Жарко, да не внесе во неговиот свет, да ни раскаже повеќе за неговите почетоци и што значи за него да го водиш Red Bull Gym Clash како спортски директор.
Жарко Батиќ

Жарко Батиќ

© Stefan Katrandjiski / Red Bull Content Pool

Кој е Жарко Батиќ? Професионално и приватно?

Жарко Батиќ: Едноставен, комотен во сопствената кожа, точно знам што сакам, а што не, без разлика дали тоа било професионално или приватно.

Како започна твојата кариера во фитнес светот, кои беа почетоците и дали и денес ги следиш истите принципи што ги постави од старт?

Жарко Батиќ: Првпат ми кажаа дека имам градба за некој спорт, и во моментот бев тазе откажан кошаркар и некако ми фалеше компетитивниот момент, а кросфитот ми ја пополнуваше таа дупка. Едно повлече друго и 14 години покасно се уште сум во истата приказна.

Кој момент од твојата кариера би го издвоил како најзначаен, а кој беше најтешкиот момент што си го совладал?

Жарко Батиќ: Не е тоа баш еден клучен монументален момент што бил најтежок, па ја сум го совладал и ми го променил животот… Повеќе би рекол дека се серија на ситни победи, низ сите овие години, што чекор по чекор ме туркаат напред. Пример деновите кога не ми се вежба, целиот сум воспален, а пак си ја завршувам работата. Ми се јаде некоја глупост нездрава, но сепак пазам што јадам. Стварањето на дисциплината би го издвоил како highlight. Тоа е тоа што се пренесува во секојдневието и во останатите сегменти од животот.

На тренинг со Жарко

На тренинг со Жарко

© Stefan Katrandjiski / Red Bull Content Pool

Како го одржуваш твојот growing mindset како тренер, и секако - на натпревари? Што е тоа што те турка?

Жарко Батиќ: Љубовта спрема тоа што го правам. Јас сакам да тренирам, сакам да се спремам за натпревари, уживам во процесот и прогресот кој го имам. Интересно ми е да учам за работите што ме интересираат. Тоа го правам преку аудио книги и подкасти додека возам секој ден.

Како изгледа еден твој обичен ден?

Жарко Батиќ: Се будам во 04:23, во 05:00 сум во сала. Земам Red Bull пред тренинг, муабет 10 минути и почнувам со загревање. Тренингот ми завршува до кај 07:30, се туширам и почнувам да ги водам групите од 08:00, 09:00 и 10:00. Зависно од денот, имам некоја обврска од 11:00, во 12-12:30 сум дома, јадам, одмарам и најчесто во 15:00 сум назад во сала се до 17:00. Ако таа недела се погодиле снимања, одам во 17:30 во студио, снимам подкаст, се враќам дома до кај 20:30, јадам и си легнувам најкасно до 21:30.

Нема некој што не чул за подкастот “Бајкерот & Кросфитерот”, што го водите заедно со твојот колега Томас. Па не интересира, како дојдовте до идејата за подкастот?

Жарко Батиќ: Фала, баш ми е мило ако е така 😁 Томас имаше сам подкаст, на кој ме покани како гостин. После таа епизода ме покани пак да направиме подкаст за специфична тема, па уште еднаш кога затвораше сезона. Му предложив дали сака да имаме засебен подкаст на страна од неговиот, прифати, почнавме и еве не 200+ епизоди покасно уште тераме.

Жарко се подготвува за Red Bull Gym Clash

Жарко се подготвува за Red Bull Gym Clash

© Stefan Katrandjiski / Red Bull Content Pool

Во моментов веќе се започнати подготовките за глобалниот фитнес натпревар Red Bull Gym Clash. Кажи ни, какво е чувството да се биде дел од Red Bull Gym Clash како спортски директор?

Жарко Батиќ: Искрено уште не сум свесен и малце ми е чудно кога ќе го видам ова како “титула”… Секој ден ми е сѐ појасно зошто е Red Bull како бренд таму каде што е. Се пази на секој детал, ништо не е случајно, вие како екипа сте топ и се е многу лесно кога секој си ја завршува својата работа. Да не должам, чувството е феноменално! 😁

Кажи ни, кој е твојот најдобар совет што може да им го препорачаш на тимовите за националното финале? На што да се фокусираат најмногу?

Жарко Батиќ: Слушајте на брифинзите, почитувајте ги стандардите на движењата и уживајте, брзо ќе ви помине. И... нека повежбаат SDB Overhead Lunges 😁

Што очекуваш од македонските тимови што ќе учествуваат на националното Red Bull Gym Clash финале?

Жарко Батиќ: Да дадат максимум, компетитивен дух и фер борба, па нека победи најдобриот тим.

Порака за крај?

Жарко Батиќ: Nobody cares, work harder!

Part of this story

Red Bull Gym Clash

Разгледај инфо за настанот