КОМПАНИЈА

Дава крииилја на луѓе и идеи.

Ова нè вози. Од 1987.

Инспириран од функционални пијалаци од далечниот Исток, Дитрих Матешиц го основа Red Bull во средината на 1980-тите години. Тој не само што направи нов производ туку и уникатен маркетинг концепт и го лансираше Red Bull Energy Drink во Австрија на 1 април, 1987 година.

Факти за компанијата

Основан

1984

Скоро 3 години, од 1984 до 1987, Дитрих Матешиц работеше на формулата за Red Bull, позиционирањето на брендот, пакувањето и маркетинг концептот.

ПРВО ЛАНСИРАЊЕ

1 април, 1987

На 1 април, 1987, Red Bull Energy Drink беше лансиран во Австрија. Нова категорија на производи беше родена: енергетски пијалаци.

ВРАБОТЕНИ

17,848

До крајот на 2023 година, Red Bull имаше 17.848 вработени во 177 земји (крајот на 2022 година: 15.779 во 175 земји).

ПРОДАДЕНИ ЛИМЕНКИ ВО 2023

12.138 милијарди

Вкупно 12,138 милијарди лименки Red Bull беа продадени ширум светот во 2023 година, што претставува зголемување од 4,8 % во однос на многу успешната 2022 година. Прометот на групацијата се зголеми за 9 % од 9,684 милијарди евра на 10,554 милијарди евра. Во однос на продажбата, приходите и оперативниот профит, бројките беа повторно зголемени и се најдобрите во историјата на компанијата досега. Главните причини за ваквите позитивни бројки вклучуваат извонредна продажба на речиси сите пазари на Red Bull ширум светот, во комбинација со исклучително ефикасно управување со трошоците и зајакнување на инвестициите во брендот. Во однос на понатамошното проширување, Red Bull се фокусира на основните пазари во Западна Европа и САД и на растечките пазари во земјите во развој, додека истовремено продолжува да ја промовира оригиналната единица на пакување од 250 ml. Нашите планови за раст и инвестиции во 2024 година се повторно многу амбициозни, предвидуваат континуиран нагорен тренд и – како и секогаш во Red Bull – ќе се финансираат од оперативниот готовински тек.

Red Bull ТИ ДАВА КРИИИЛЈА

Влези во светот на Red Bull

ИСТОРИЈА

Red Bull ти дава крииилја. Од 1987.

Дали сакаш кратко патување низ повеќе од три декади?

Почнуваме!
ОДРЖЛИВОСТ

Една лименка може да има повеќе од еден живот.

Во Red Bull, препознаваме дека имаме одговорност према природата. Можеш да прочиташ повеќе за нашиот одржлив пристап тука:

Животниот циклус на лименкатаКвиз

Повеќе од Red Bull

PreviousNext