Red Bull Energy Drink ти дава крииилја секогаш кога ти се потребни. Неговата уникатна формула содржи клучни состојки што се ценети од врвни спортисти, зафатени професионалци, студенти и патници!
Red Bull Energy Drink содржи висококвалитетни состојки, вклучувајќи кофеин, таурин, група на Б-витамини, шеќер и вода. Секоја Red Bull Energy Drink лименка од 250 мл содржи 80 мг кофеин, четири есенцијални витамини од групата Б (вклучувајќи пантотенска киселина), 27 г шеќери и таурин.
Кофеинот помага да се подобри концентрацијата и да се зголеми вниманието.
Витамините од Б-групата (ниацин, пантотенска киселина, Б6, Б12) придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста.
Шеќерите, кои се еден вид јаглехидрати, се извор на енергија за телото - вклучувајќи го мозокот и мускулите.
Тауринот, аминокиселина што природно се јавува во човечкото тело, е вклучен во низа процеси, вклучително и регулирање на рамнотежата вода/електролит на клеточно ниво.
Дознај повеќе за состојките на Red Bull Energy Drink.








