Употребата на Red Bull Energy Drink за време на спортски активности варира во зависност од спортот, ситуацијата и спортистот.
Red Bull Energy Drink не е спортски пијалак за рехидратација. Иако нормалното консумирање на Red Bull Energy Drink исто така обезбедува вода за телото, тој не е формулиран за да обезбеди рехидратација. Затоа, на луѓето кои се занимаваат со спорт им се препорачува да пијат многу вода и за време на тренинзи со висок интензитет.
Red Bull Energy Drink не доведува до дехидратација (и ништо во Red Bull Energy Drink нема ефект на дехидратација). Ова го потврди Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) со нивното научно мислење од 2015 година.
Консумирањето кофеин (до 200 мг) не предизвикува загриженост за безбедноста кога се консумира помалку од два часа пред интензивни физички вежби. Ова го потврди и EFSA во нивното научно мислење од 2015 година.








