Една Red Bull Energy Drink лименка од 250 мл содржи 80 г кофеин, приближно иста количина како во шолја домашно приготвено кафе. Консумирањето на Red Bull Energy Drink треба да биде во согласност со вкупниот внес на кофеин на една личност.
Многу институции ширум светот ги имаат проучувано ефектите од кофеинот. Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) во своето научно мислење од 2015 година за безбедноста на кофеинот заклучи дека внесот до 400 мг дневно (еквивалентно на пет Red Bull лименки од 250 мл или пет шолји кафе дневно) не предизвикува загриженост за безбедноста кај здрави возрасни лица. Ова се совпаѓа со слични наоди од Американската администрација за храна и лекови (FDA) и Министерството за здравство во Канада. Сепак, бремени жени и доилки треба да го ограничат внесот на кофеин на 200 мг дневно.








