
Едно од примарните места на дејство на кофеинот во човечкото тело е неговиот стимулативен ефект врз когнитивните функции.
Една Red Bull Energy Drink лименка од 250 мл содржи 80 мг кофеин. Кофеинот помага да се подобри концентрацијата и да се зголеми вниманието.
Тауринот е аминокиселина, која природно се јавува во човечкото тело и е присутна во секојдневната исхрана.
Вклучен е во широк спектар на биолошки процеси, вклучувајќи ја осморегулацијата, што е регулирање на клеточната вода и електролитната рамнотежа во телото.
Тауринот е една од најзастапените аминокиселини во мозокот, срцето и мускулите.
Витамините се неопходни микронутриенти кои се потребни за одржување на нормалните функции на телото. Постојат два вида витамини: растворливи во масти и растворливи во вода.
Red Bull Energy Drink содржи витамини растворливи во вода. Витамините растворливи во вода не се складираат во телото колку витамините што се растворливи во масти. Наместо тоа, тие циркулираат низ крвната плазма, а она што телото не го користи се ослободува. Red Bull Energy Drink ги содржи следните Б-витамини кои се растворливи во вода: ниацин (витамин Б3), пантотенска киселина (витамин Б5), витамин Б6 и витамин Б12.
Оваа група на Б-витамини придонесува за нормален метаболизам што дава енергија, како што е изградбата и распаѓање на јаглени хидрати и протеини и придонесува за нормални ментални перформанси (пантотенска киселина) и намалување на заморот (ниацин, пантотенска киселина, Б6, Б12).
Дополнително, групата на Б- витамини играат централна улога во мозокот. Ниацинот, витаминот Б6 и витаминот Б12 придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем.
Red Bull Energy Drink се прави со шеќер изворен од шеќерна репка.
Шеќерите се брзо апсорбирачка форма на јаглехидрати вклучени во широк спектар на биолошки процеси и се извор на енергија за мозокот и мускулите.
Една Red Bull Energy Drink лименка од 250 мл содржи 27 г шеќери.
Исто така, постои и Red Bull без шеќери: Red Bull Sugarfree и Red Bull Zero.
Водата е главна состојка на Red Bull Energy Drink.
Посветеноста кон квалитетот придонесува за легендарниот вкус на секоја голтка.
